Здруженијата и фондациите кои ќе аплицираат по Јавните повици да ги почитуваат правилата и упатствата

07 Март 2017

Јавните повици за финансиска поддршка на здруженијата и фондациите од општина Струмица за оваа 2017 година кои беа објавени на 2 март ќе бидат отворени за аплицирање до 17 март.

Станува збор за Јавниот повик V2 Програма за прибирање Програми од здруженија и фондации од општина Струмица во рамките на Стратегијата за социјална заштита на своите граѓани - Акцискиот план 2015-2020, кои ќе бидат финансирани од Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита и заштитата на децата во 2017 година и Јавниот повик G1 Поддршка за прибирање проекти од здруженија и фондации од општина Струмица во рамките на Стратегиите - Акциските планови за „Локален економски развој на општина Струмица 2016-2020, Култура 2017-2022, Развој на Образованието 2015-2020, Млади 2015-2020, Соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020“, кои ќе бидат финансирани од Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година, од G1 Поддршка на ЛЕР, од буџетот на oпштина Струмица за 2017 година.

Од Одделението за локален економски развој на општина Струмица апелираат до здруженијата и фондациите кои планираат да аплицираат, пред да ја почнат постапката посебно внимание да посветат на содржината на Јавните повици, правилата и упатството заради наведените елиминаторни критериуми според кои проектните иницијативи треба да бидат усогласени и јасно да ја потврдуваат определбата од стратешкиот документ, во спротивно нема да бидат земени во предвид.

Посебно се информираат здруженијата и фондациите кои аплицираат по V2 Програмата дека финансиски ќе бидат поддржани приоритетни програмски активности од нивните програми, усогласени и утврдени со Стратегијата за социјална заштита на своите граѓани 2015-2020 година, односно, во апликацијата треба точно да ја наведат приоритетната активност од нивната програма.

За сите дополнителни информации, заинтересираните здруженија и фондации можат да се обратат кај наведеното официјално лице за контакт во Јавните повици објавени на општинската веб страница www.strumica.gov.mk