Неколку струмички компании утре ќе бидат без струја

06 Март 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека утре (вторник, 7 март), во периодот од 13:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат компаниите: „НИПРОМ“, „Бомјански“, „Мебел 11 Септември“, „Бресто“, Ресторан „Каме“ и околните објекти во Индустриската зона „Север“, како и „Никомил“ и „Мебел 2000“, додека од 09:00 до 14:00 часот ќе биде дел од Босилово, нов пат за Радово.

Прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.