И вечерва низ улиците на Струмица протестен марш „За заедничка Македонија“

06 Март 2017

И вечерва голем број граѓани на Струмица продолжија со протесниот марш низ улиците на Струмица, изрзувајќи го својот револт од најавите за загрозувањето на унитарноста и воведување на двојазичност во државата.

Пред присутните на плоштадот „Гоце Делчев“ се обратија актерката Ангелина Ангелова, граѓанскиот активист Павлинка Мишева и Абди Демиров, жител од турското маало во Струмица, изразувајќи ја својата желба на заедништво и сплотеност во одбрана од платформата, како што рекоа, креирана во туѓа држава.

Граѓаните со транспарентот „За заедничка Македонија“, тргнаа од плоштадот низ булеварот „Ленинова“, покрај „Комуналец“ низ улицата „24-ти октомври“, кружен тек кај „Електромеханика“ кон главната пошта, низ старата чаршија, завршувајќи го протестниот марш пред зградата на Општина Струмица.

Протестниот марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кој има за цел да испрати порака дека не треба да се мешат странски фактори во Македонија за решавање на своите проблеми, помина мирно и без инциденти.