Сообраќајка на излезот од Струмица кај бензинската на „Лукоил“

05 Март 2017

Вчера околу 10 часот на излезот од Струмица кај бензинската станица на „Лукоил“ на патот Струмица - Радовиш, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Фолксваген Голф“ со струмички регистерски ознаки управувано од Р.П. (46) од Василево и автомобил „Пежо 607“ со струмички регистерски ознаки управувано од Б.В. (46) од Струмица.

Во незгодата Б.В. се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во Струмичката болница, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.