Одбојкарките на „Наковски Волеј“ во неизвесен натпревар ги надиграа битолчанките

04 Март 2017

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ вечерва во неизвесен натпревар во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица успееја да ги победат девојките од Битола, екипата на ОК „Пелистер“, со резултат 3:2.

Одиграа дури пет сета, првите два ги добија гостинките од Битола, со 25:15 и 25:17, а веќе во третиот одбојкарките на „Наковски Волеј“ се разбудија, добивајќи ги третиот и четвртиот сет со 25:18 и 25:11. Решавачкиот, петтиот сет, беше драматичен со неизвесност до самиот крај, кога двете екипи се изедначија со 14:14. Крајот на петтиот сет од овој натпревар заврши со 16:14 за домаќините, по што следуваше револт кај гостите.

По дуелот, едно лице од битолскиот табор, револтиран од судењето на завршницата им се нафрли на судискиот тандем Попов - Василевски, по што мораше да интервенира и полицијата.