Струмичките кошаркари поразени дома од кумановчани

04 Март 2017

Релативно лесно и убедливо до победата стигнаа кумановчани во Спортската сала „Парк“ во Струмица, каде го совладаа домаќинот КК „Струмица“ со резултат од 62:79, триумф по кој КК „Куманово“ и понатаму останува на третото место.

Од самиот почеток на натпреварот беше јасно дека кумановчани лесно ќе ја оправдат фаворитската улога. На полувремето имаа предност од дури 13 поени, што навести победа.

Кај струмичани најдобар беше Јокиќ со 20 поени, додека со 15 поени натпреварот го заврши Стефановски. Предводник во победата на КК „Куманово“ беше Мијатовиќ со 26 поени, а 17 поени запиша Пековиќ.