ФК „Академија Пандев“ пред влезот на Првата лига на Македонија

04 Март 2017

И по денешниот тиумф над ФК „Новаци“, фудбалерите на ФК „Академија Пандев“ остануваат лидери на табелата од Втората фудбалска лига - Исток.

Денеска нагости кај „Новаци“, со голот на Љупчо Дориев во 66-тата минута и трите нови бода, струмичките фудбалери се на врвот со 40 бода, дури 13 бода повеќе од второпласираниот ФК „Скопје“.