Во Струмица се одржа Работилница по нацрт Регионалниот план за управување со отпад

03 Март 2017

Денеска во Струмица се одржа работилница по Нацрт Регионалниот план за управување со отпад и Нацрт Стратешката оценка на животната средина се во рамките на проектот „Изработка на Регионален план со десет општински планови за интегрирано управување со отпад во Југоисточниот плански регион“, на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во партнерство со десетте општини од регионот, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица, а изготвувач на Планот и Стратешката оценка е компанијата Градежен Институт Македонија од Скопје.

Согласно важечките законски решенија за управување на отпад како регион сме должни да донесеме Регионален план за управување со отпад за период од десет години, во кого ќе бидат опфатени сите видови на отпад, опслужувањето со услуга, начинот и честотата на собирање, транспортирање и одлагање на отпадот. Со ефективни трошоци за спроведување на управувањето со отпад и оптимални надоместоци за наплата на услугата од создавачот на отпад. Во исто време Регионалниот план за управување со отпад треба да даде и предлог за решавање со малите диви депони, кои ги има многу.

Со Регионалниот план има потреба да се изработат и десет петгодишни општински планови кои ќе се во согласност со Регионалниот план и во определен рок да дадат позитивен ефект во заштитата на животната средина и зголемувањето на бројот опслужени граѓани или домаќинства, претпријатија и исчистени мали депонии кои даваат лоша слика за регионот.

Планирано е и изработка на петгодишна Програма за спроведување на Регионалниот план за управување со отпад и едногодишни општински програми за управување со отпад.

Во рамките на проектот ќе се изработи и Стратешката оценка на животната средина за Регионалниот План кој документ денеска беше предмет на Јавната расправа.