Струмичани со уште еден протестен марш, застанаа пред домот на пратеникот Јаневски

02 Март 2017

Граѓани на Струмица и вечерва маршираа во знак на протест, како што кажаа, од најавите за загрозувањето на унитарноста и воведување на двојазичност во државата.

На присутните на Струмичкиот плоштад им се обрати книжевникот Ацо Гогов, кој подвлече дека како граѓани немаат резервна држава и дека сите треба да бидат сплотени во одбрана од платформа креирана во туѓа држава.

Граѓаните со транспарент „За заедничка Македонија“, тргнаа од плоштадот и по струмичкото корзо се упатија до големиот градски парк. Застанаа пред домот на д-р Коста Јаневски, кој на последните избори доби пратенички мандат од редовите на СДСМ. Скандираа и пееја песни. Протестот заврши пред зградата на Општина Струмица.

Протестниот марш на граганската иницијатива „За заедничка Македонија“, кој има за цел да испрати порака дека не треба да се мешат странски фактори во Македонија за решавање на своите проблеми, помина мирно и без инциденти.

ФОТОГАЛЕРИЈА