Јавен повик за прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Струмица

02 Март 2017

Општина Струмица објави ЈАВЕН ПОВИК за прибирање проекти од здруженија и фондации од Општина Струмица во рамките на Стратегиите - Акциските планови заЛокален економски развој на Општина Струмица 2016-2020, Култура 2017-2022, Развој на Образованието 2015-2020, Млади 2015-2020, Соработка со граѓанскиот сектор 2015-2020“, кои ќе бидат финансирани од Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година, од G1 Поддршка на ЛЕР, од Буџетот на Општина Струмица за 2017 година.

Финансиските средства предвидени во Програмата за активностите на општина Струмица за областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година, G1-Поддршка на ЛЕР/трансфер до НВО, од Буџетот на Општина Струмица за 2017 година ќе се доделуваат на здруженија и фондации за проекти исклучиво проектирани врз основа на точно утврдена активност, мерка, приоритет или стратешка цел од Акциските планови по Старешките документи на Општина Струмица од областите на ЛЕР, Култура, Образование, Млади и Соработка со граѓански сектор.

Право на учество се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.

Вкупните предвидени-планирани финансиски средства во Програмaта за активностите на општина Струмица за областа на локалниот економски развој и туризмот во 2017 година, G1-Поддршка на ЛЕР/Трансфер до НВО, или вкупно достапни средства се во висина од 2.800.000,00 денари.

Секое здружение или фондација која се јавува на јавниот повик може да бара најмногу 250.000 денари или најмалку 60.000 денари.

Проектната документација треба да биде доставена во затворен плик со пријавата преку пошта или лично на адреса:

Општина Струмица - Одделение за ЛЕР

ул. „Благој Јанков Мучето“ бр.37

(поранешен ДОМ на АРМ Струмица)

2400 Струмица

Рокот за поднесување на пријавите-предлог проектите е 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик на општинската веб страница.

Повеќе информации и симнување на апликациите на следниот линк >>>