23-годишно момче тешко повредено во сообраќајка на „транзитот“

02 Март 2017

Синоќа околу 22 часот на „транзитниот“ пат во близина на ресторан „Сент Џорџ“ во Струмица се случи тешка сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Тојота“ и „Мазда“.

Според првичните информации, во сообраќајката на двата автомобили, едно лице на возраст од 23 години е тешко повредено, а при неговото извлекување од автомобилот мораше да интервенира Противпожарната екипа. По укажаната прва помош во Струмичката болница, момчето е префрлено во Ургентниот центар во Скопје во коматозна состојба со тешки телесни повреди.

Во директниот судир повредени се уште две лица, од кои едно со искршеници и со помош на Противпожарното возило е префрлено во Струмичката болница. Двајцата се задржани во болницата на понатамошно лекување.

СВР Струмица ги истражува причините за сообраќајната незгода.