И во Струмица протестен марш за унитарна држава

01 Март 2017

Доцна попладнево од плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица започна протесниот марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Според обраќањата на професори и актери, пред споменикот на великанот Гоце Делчев, овој протестен марш е против двојазичноста, промена на химната, знамето и грбот на Република Македонија.

Тие порачаа дека нема да дозволат политичарите да си играат со националните интереси на Македонија, само за да бидат на власт.

Од плоштадот демонстрантите се упатија низ булеварот „Маршал Тито“ и старата Струмичка чаршија. Иако во текот на маршот пороен дожд ја зафати Струмица, сепак тие го продолжија протестниот марш до зградата на Општина Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА