Општина Струмица повторно во акција на кучиња-скитници

01 Март 2017

Општина Струмица повторно во акција на заловување на кучиња скитници во градот Струмица во која беа заловени 10 кучиња, а кои согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, истите ќе бидат хумано третирани.

Според информациите од општината, заловувањето денеска го изврши АД ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово со кое согласно тендерската постапка општина Струмица склучи договор за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња.

Од декември, кога оваа фирма го продолжи заловувањето до денеска, заловени се и истретирани вкупно 32 кучиња скитници. Сите заловени кучиња по хуманиот третман, а согласно Законот, се враќаат на местото каде што се заловени и имаат пасоши кои се наоѓаат во одделението за инспекциски работи во општина Струмица.

Од општината велат дека сите заловени кучиња не се скитници, меѓу нив има и такви кои имаат сопственици кои доаѓаат да си ги бараат по заловувањето.
Токму поради ова апелираат до граѓаните кои имаат кучиња да не ги пуштаат и оставаат по улиците за да не прават дополнителни проблеми.