Смртта демне на овој пат - Герила акција на патот Струмица-Штип

01 Март 2017

На патот Струмица-Штип кај Радовиш, граѓански активисти во герила акција поставиле предупредување до учесниците во сообракајот да бидат внимателни, бидејки смртта постојано ги демне.

Предупредување со информативна табла, но и со симболот на смртта се поставени на пет километри пред Радовиш, со цел да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, но и да се вози според условите на патот.

На овој патен правец, тешка сообраќајната несреќа имаше и музичарот Зоран Маџиров, кој се уште е во кома од октомври. Во првите два месеци од годинава се случија вкупно шест сообраќајки при што четири лица, два брачни пара се здобија со потешки повреди.