И вечерва во Струмица имаше карневал

28 Февруари 2017

Маскирани лица од сите страни доаѓаа во Центарот за култура во Струмица. Наградени карневалџии од саботното карневалско дефиле беа на доделувањето на наградите од Струмичкиот карневал 2017-та. На овој начин организаторите сакат да го зачуват онаа карневалско дружење во вторник, ноќта спроти Тримери, денот на армасаните девојки.

Наградените маски и вечерва ги објави претседателот на жири комисијата, Александар Филев, а ги додели претседателот на Организациониот одбор, Александар Цицимов.

Задоволни од годинашното издание на Струмичкиот карневал се и организаторите и учесниците на карневалското дефиле, се разбира најмногу наградените, кои наградата ги поттикнува уште сега да започнат да размислуваат за идејната маска на следниот Струмички карневал во 2018-та година.

По доделувањето на наградите карневалџиите се „симнаа“ во „Платинум“, каде Организациониот одбор на Струмичкиот карневал организираше карневалска забава за сите учесници на карневалот.

ФОТОГАЛЕРИЈА