Тепачка помеѓу две семејства во Турското маало, има повредени

28 Февруари 2017

Доцна попладнево во Турското маало во Струмица, во близина на Џамијата, се случила тепачка со ножеви и секири, помеѓу две семејства коишто биле во роднинска врска, а нивното меѓусебно нетрпение траело веќе извесен период.

На место на настанот биле присутни повеќе полициски возила, но и возилото на Итната медицинска помош, имало тешко повредени лица.