Карневалско тримерска приредба на децата од градинката

28 Февруари 2017

Во пресрет на празникот Тримери, а по повод карневалските случувања во Струмица, вчера во големата сала на Домот на АРМ во Струмица се одржа Карневалско тримерска приредба на децата од градинката Клон 1 при ЈУДГ „Детска Радост“ од Струмица.

Во 55-минутната програма беа презентирани сите карневалски свечености и обичаите на Прочка и празникот Тримери. Целта била да се види дека во Струмица и децата ги знаат традициите, карактеристични за ова поднебје, посебно карневалските, да ги негуваат уште од најрана возраст.