Сребрен медал за фудбалерите на СОУ „Никола Карев“

27 Февруари 2017

Екипата на СОУ „Никола Карев“ од Струмица го освои второто место на Државното првенство во футсал за средни училишта, кое се одржа на 23, 24 и 25 февруари во средното училиште „Методи Митевски - Брицо“ во Делчево.

На првенството учествуваа шест екипи од средните училишта од Скопје, Струмица, Прилеп, Берово и Делчево.

„Овие натпревари се одржуваат секоја година и за прв пат сме во Делчево да организираме еден ваков голем настан, каде од сите средни училишта по организираните натпревари зонски, регионалните, најдобрите екипи учествуваат на државното првенство“ - вели во изјавата за медиумите Александар Туфекџиски, претседател на Федерацијата на училишни спортови.

Тој додаде дека Федерација организира вакви натпревари во сите спортови со поддршка од Минситертсвото за образование и наука од Агенција за млади и спорт.