Утре објектите низ Струмичкото корзо три часа без струја

27 Февруари 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека утре (вторник, 28 февруари), во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со електрична енергија на дел од објектите на улицата „Благој Јанков Мучето“ во Струмица, односно улицата позната како Струмичко корзо.

Прекинот е поради реализација на инвестоциони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.