На Чист понеделник на Струмичкиот плоштад се јадеше бел грав

27 Февруари 2017

Во рамките на карневалските празнувања, денеска, на Чист понеделник, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица продолжи традицијата на јадење бел посен грав или меѓу струмичани кажано „бел фасуљ“, годинава подготвен во кујната на ресторан „Ројал Парк“ од Струмица.

По благословувањето на посниот ручек од отец Димитар Крцев, од Струмичката Православна Епархија, честа прв да го проба ја имаше градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Заедно со граѓаните бел грав јадеа и претседателот на Советот, Јосиф Христов и членови на Советот и Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, кој беше организатор на овој традиционален настан.

ФОТОГАЛЕРИЈА