Седуммина млади струмичани украле 30 акумулатори од „Еленица“

27 Февруари 2017

Секторот за внатрешни работи во Струмица поднесе кривична пријава против Е.Р. (20), Б.Р. (19), А.К. (23), Ј.А. (25), Р.Д. (23), Ѓ.М.(23) и М.Д. (23), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Од СВР Струмица информираат дека од 8 до 16 јануари пријавените во неколку наврати од необезбеден погон за производство, лоциран во кругот на АД ИГМ „Еленица“, украле 30 акумулатори при што причиниле материјална штета од 360.000 денари.