Објавени наградите за најдобрите маски на Струмичкиот карневал 2017

27 Февруари 2017

Денеска напладне на прес конференција во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“ ги објави освоените награди од годинашното издание, според бодовите на жири комисијата.

Како што информираше Александар Филев, претседател на жири комисијата, годинава учествувале 37 групни и поединечни маски, од кои 18 биле од странство, коишто не учествуваат за награди.

Од наградниот фонд во висина од околу 8.000 евра, во категоријата „А“ доделени се три први награди со по 1000 евра, поради ист број на бодови.

 

Категорија А: групна маска со 50 и повеќе лица

1-ва награда: СОУЈане Сандански“ Струмица - „Танц на животот“, СОУ „Никола Карев“ Струмица - „Антозои“, „Мулен руж“ (Николов) - „Мери ми, омажи се за мене“.

2-ра награда: ООУ „Гоце Делчев“, Василево - „Деца на сонцето“, СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица - „Дождовна игра“.

 

Категорија Б: Групна маска со 30 до 50 лица

1-ва награда: Здружение „Струма“ Струмица - „Визија“

2-ра награда: ООУ „Сандо Масев“ Струмица - „Индијанци“

3-та награда: Кумановски средни училишта - „Венецијанска кралица со дворјано“

 

Категорија В: Групна маска со 20 до 30 лица

1-ва награда: „Ефтимови“ Струмица - „Талкајќи низ животот“

 

Категорија Г: Групна маска од 10 до 20 лица

1-ва награда: „Мулен руж“ (Анита) - „Капка светлина на љубовта“

2-ра награда: „Струмички викинзи“ - „Игра на тронови“

 

Категорија Ѓ: Поединечна маска од 1 до 5 лица

1-ва награда: Вештер, Струмица - „Стариот вештер“

2-ра награда: Клеопатра, Струмица - „Сакам да сум невеста“

3-та награда: Пластичар, Струмица - „Маска од шишиња“

 

Дополнителна награда за стимулација доби маската на СОУ „Никола Карев“ од Пробиштип - „Вљубени и среќни“.

 

Наградите ќе бидат доделени утре (вторник, 28 февруари), во 19:30 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, а веднаш потоа ќе се одржи Тримерска карневалска забава за наградените учесници на карневалот.