Ликови од детските приказни и филмови низ улиците на Струмица

26 Февруари 2017

Детски карневал во Струмица, на сам ден Прочка, како дел од традиционалниот Струмички карневал. Напред принцот и принцезата, Јован Багашовски и Тања Андонова избрани на детскиот Маскенбал.

Кловнови, принцези, кралици, сирени, самовили, пролетни убавици, војници, мачки, убавици, пирати и што ли уште не во детските омилени ликови од приказните и филмовите, шетаа низ улиците на Струмица, а официјално во поворката на Струмичкото корзо и на плоштадот.

Најмалите и годинава се маскираа во голем број, со најразлични маски, секој според својата замисла, идеја и желба како сака да изгледа со помош на повозрасните.

Забавата за децата беше збогатена и со „двете рипки“ и настапот на „јојовците“, а напладне плоштадот и корзото останаа преполни со карневалчиња, родители, баби, дедовци.

ФОТОГАЛЕРИЈА