Карневалџии од Аруба со Јупитер го затресоа Сириус

25 Февруари 2017

Неколку потреси синоќа се случуваа во кристалната сала во хотелот „Сириус“ во Струмица. Маскирани луѓе, направија шаренило од бои низ холот на хотелот и во салата. Последни влегоа мајсторите на AGV, (читај групата „Јупитер“ со Ленче и Горан), но кога ги зедоа тие „дрнкаалта“ и тие „стаповите“, се почуствува умерен првичен земјотрес, а кога почнаа да стануваат маскираните лице, стана урнебесно. Така до полноќ...

По полноќ, црнци од немај каде се појавија во кристалната сала... Велат од Аруба дошле, пријатели на Струмичкиот карневал биле. Дрмна и нивната самба... и тоа силно дрмна, како музички земјотрес. Но не само тие, сите карневалџии во ритамот на самбата, играа и трчаа, скокаа по салата во круг. И мајсторите на AGV се симнаа од сцената и играа самба...

Од милина да гледаш, се замислуваш во некој друг свет, не во оној нашиот нормалниот, секојдневниот, во некој поубав свет од оваа што е денешницата. Синоќа навистина во „Сириус“ имаше маскенбал, препознатлив, во организација на Струмичкиот карневал. И по други ресторани имаше маскенбали, ама овој беше урнебесен, оригинален и нешто посебно...

ФОТОГАЛЕРИЈА од Маскенбалот