Александар и Соња Ташеви - принц и принцеза на Струмичкиот карневал

25 Февруари 2017

Брачниот пар Александар и Соња Ташеви од Струмица се избрани за принц и принцеза на синоќешниот Маскенбал што се одржа во хотелот „Сириус“.

Принцот и принцезата доцна вечерта околу 2 часот ги избра жири комисијата на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

„Изненадени сме и чест ни е да бидеме принц и принцеза на карневалот, кој ќе го предводиме. Нашата маска е футристичка и ја нарековме „животинче од третиот свет“. Вкупно сме осум маскирани членови, а традиционално учествуваме речиси секоја година на карневалот“ - вели принцот Александар.

Тие денеска ќе го предводат карневалско дефиле од 2000 карневалисти, заедно со кралската свита, кое стартува во 18:30 часот, од кај главната пошта во Струмица.