ФОТО: Струмичкиот градоначалник заигра со Арубанците

24 Февруари 2017

Новиот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, заигра на ритамот од музиката на гостите од Аруба, кои се дел од Струмичкиот карневал.

Вечерва тој се дружи со странските гости на годинашното издание на Струмичкиот карневал, а ги има од Русија, Холандија, Албанија, Србија, Бугарија, Црна Гора и други земји. На Карневалската забава во „Ројал Парк“, која сеуште е во тек, се дел и од струмичките карневалџии.

Вечерва од 21 часот, во хотелот „Сириус“ е големиот Струмички маскенбал, каде ќе бидат избрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат карневалската поворка утревечер од 18:30 часот.