Промовирана монографијата „Подарена младост“

24 Февруари 2017

Денеска во Домот на АРМ во Струмица беше промовирана монографијата „Подарена младост“, проект на Општинскиот сојуз на борците од НОАВМ во Струмица и нивните продолжувачи.

Во монографијата се опфатени биографиите на сите загинати борци од сите општини во струмичкиот регион, биографиите на носителите на партизанска споменица од 1941 година и биографиите на народните херои Благој Јанков Мучето и Јосиф Јосифовски Свештарот.

Монографијата ја промовираше професор д-р Љубица Јанчева од Институтот за национална историја на Република Македонија, а истата е реализирана со финансиска поддршка од општина Струмица.