Карневалско музичко доживување во знакот на Моцарт

24 Февруари 2017

И годинава, околу 200 ученици и професори од музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица, традиционално веќе седма година, во чест на карневалските празнувања во Струмица со концертот под маски, овој пат во знакот на Моцарт.

Музичка приказна на прекрасна сцена, автентична од времето на Моцарт, актерска интерпретација со инструментални и хорски изведби во живо. А салата во Центарот за култура преполна. Публиката уживаше во глумата и гласовите на младите уметници. Уживавме сите, во приказната на Моцарт, посветена за струмичката публика, во пресрет на големиот Струмички карневал, кои ни ја раскажаа учениците и вработените во ОМУ „Боро Џони“ со поддршка на Општина Струмица и „Ла Дама хулахопки“ од Струмица.

Концертот под маски не се раскажува, не може оваа ноќ да се опише со реченици... Но, фотографиите ќе може барем малку да ви ја доловат прекрасната атмосфера во карневалска Струмица...

ФОТОГАЛЕРИЈА