Денеска прекин на струјата во неколку населени места

24 Февруари 2017

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека денеска, (петок, 24 февруари), ќе има прекин на електричната енергија во неколку населени места во струмичкиот регион.

Од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе биде Добрејци кон Василево (стариот пат кон Радовиш), од 09:30 до 15:00 часот дел од Дражево кон Смолари и од 09:15 до 13:30 часот Василево и Старо Добрејци.