Зоран Заев најградоначалник во регионот на Југоисточна Европа

23 Февруари 2017

Поранешниот градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, кој функцијата градоначалник ја извршуваше до 30-ти декември, е добитник на меѓународното признание „Најградоначалник во регионот на Југоисточна Европа“, кое денеска во Сараево му беше врачено од страна на Европското здружение на менаџери.