ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ победија на вчерашните избори

12 Декември 2016

Неофицијално: Бројот на освоени пратенички мандати на СДСМ е 51 и ВМРО-ДПМНЕ освоиле 51 мандат...

Кој е победник на вчерашните вонредни Парламентарни избори во Република Македонија? Лидерите и на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, доцна синоќа прогласија победа.

 

Според провладините медиуми, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата победиле со 14.000 гласови повеќе од СДСМ и ќе имат 51 пратеник, наспроти СДСМ со 49 пратеници.

 

Според опозициските медиуми, СДСМ и Коалицијата освоиле 52 до 53 пратенички мандати, додека ВМРО-ДПМНЕ освоила 50 пратеници.

 

МОСТ заклучува дека двете водечки партии по бројот на освоени гласови се преблиску една до друга и оваа разлика во распределбата на мандати, во зависност од маргината на грешка, влијае на тоа кој ќе освои најмногу мандати.

 

СДСМ рано изутрина соопшти дека согласно резултатите од нивниот аналитички центар, бројот на освоени мандати на СДСМ е 51 и оти ВМРО-ДПМНЕ освоиле, исто така, 51 мандат.

 

Кој е победник на вчерашните вонредни Парламентарни избори во Република Македонија?... (продолжува)...