Одбојкарите од СОУ „Никола Карев“ на Светското првенство во Белград

23 Јуни 2016

Машката одбојкарска екипа на СОУ „Никола Карев“ од Струмица, ќе учествува на Светското одбојкарско првенство за средношколци

Машката одбојкарска екипа на СОУ „Никола Карев“ од Струмица, под менторство на професорите по физичко образование, Илија Јанков и Вера Божијанова Димитриевска, ќе учествува на Светското одбојкарско првенство за средношколци, кое од 25-ти јуни до 3-ти јули ќе се одржи во српската престолнина Белград.

 

Според зборовите на директорот на оваа училиште, Драган Јанков, „визата“ за учество на Светското првенство била обезбедена на Гимназијадата во Куманово, каде што одбојкарската екипа на СОУ „Никола Карев“ го освоила првото место, без изгубен сет.

 

Инаку, на Светското одбојкарско првенство за средношколци учество ќе земат 32 екипи од исто толку средни училишта од целиот свет.