ВМРО-ДПМНЕ нема мнозинство, Витанов ќе биде независен

06 Февруари 2017

Советникот Методи Витанов, кој вчера на прес конференцијата пред општината беше дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, каде беше најавено дека тој преминува во Коалицијата „За подобра Македонија“ и со тоа придонел СДСМ да го загуби мнозинството во Советот, денеска изјави дека ја напушта својата матична партија ВМРО-Народна и ќе дејствува како независен советник со поддршка на СДСМ.

„Јас како советник од ВМРО-НП, која до вчера коалицираше со СДСМ, сум грубо изманипулиран од централното раководство на ВМРО-НП, почитувајќи ја нивната одлука за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Струмица. Поради несериозноста на централното раководство на ВМРО-НП си давам оставка од партијата и натамошниот мандат во Советот на Општина Струмица ќе го водам како независен советник поддржувајќи ја советничката група на СДСМ“ – изјави денеска Витанов.

И од локалното раководство на неговата партија ВМРО-НП изјавија дека ја поддржуваат одлуката на нивниот советник Методи Витанов.

„Ние како општински комитет потврдуваме дека Витанов беше изманипулиран и ја поддржуваме оваа негова одлука“ - рече Ристо Пецев, претседател на ОК на ВМРО-Народна партија во Струмица.