Советникот Мето Витанов премина во ВМРО-ДПМНЕ, ново мнозинство во Советот на општина Струмица

05 Февруари 2017

Советникот Мето Витанов од ВМРО-Народна партија, кој беше во коалиција со СДСМ, премина во Коалицијата „За подобра Македонија“ во Советот на општина Струмица, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната прес конференција пред зградата на Општина Струмица, Зоран Пакетов, координатор на советничката група на Коалицијата „За подобра Македонија“ го најави новото мнозинство и побара итна седница на Советот за избор на нов претседател, на местото на Јосиф Христов од СДСМ и избор на ВД градоначалник на општина Струмица.

„Од денес Зоран Заев и СДСМ немаат мнозинство во Советот на општина Струмица. Тие не се власт и немаат кредибилитет да продолжат да управуваат и владеат во Струмица. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“ и ВМРО-НП имаат легитимно мнозинство во Советот на општина Струмица. Дванаесет советници, 12 потписи наспроти 10 советници застапувани од СДСМ. СДСМ немаат легитимитет да продолжат да управуваат затоа што немаат мнозинска поддршка од граѓаните“ – истакна Пакетов.