Хуманоста на жените од ВМРО-ДПМНЕ за Бадниковата вечер

07 Јануари 2017

Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја продолжуваат традицијата на хуманоста за време на христијанските празници.

Жените членови на оваа партија, вчера подготвија Бадникова посна вечера за околу 100 стари, болни и изнемоштени лица од Струмица, која им ја доставија во нивните домови во доцните попладневни часови, упатувајќи им пријатни Божикни празници со желба за добро здравје и во Новата 2017 година.

„Овие христијански празници и празничните насмевки кај нашите граѓани од социјално ранливи семејства ќе ни бидат уште поголема мотивација, ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица да продолжиме да бидеме општествена одговорна организација и да ја продолжиме нашата хуманост, кон сите граѓани кои имат потреба од било каква помош“ - ни рече Ели Панова, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.