Младите од ВМРО-ДПМНЕ пред Бадник се дружеа со детскиот црковен хор во црквата „Св. Димитриј“

06 Јануари 2017

Дел од членовите на Унија на млади сили при ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица беа на празнично дружење во Црквата „Св. Димитриј“ во Струмица, со децата од црковниот хор, кои деновиве ги вежбат песните посветени на големиот христијански празник - Божик.

Тие на децата им подарија Новогодишни-Божикни пакетчиња со слатки производи, а младите „ангелски гласови“ им ја запееја коледарската песна „Вечниот Бог“.

„Унијата на млади сили е подмладок на ВМРО-ДПМНЕ чија политичка и општествена програма се создава во духот на добрата традиција на нашиот народ. Нашата желба е да ги иницираме младите да ја запознаат, одржуваат и развиваат традицијата што македонскиот народ ја изградил со искуството на вековите. Божик е централниот празник кој за христијаните значи раѓање на Господ, а симболизира почеток на подобро време за живеење засновано на мирот и добрата волја помеѓу луѓето“ - истакна Владимир Ристов, претседател на УМС при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, упатувајќи Божикна честитка до сите граѓани кој го слават Бижик, со желби за добро здравје, мир во земјата, радост во секој дом и во секое човечко срце.