ВМРО-ДПМНЕ сеуште бара од пратеникот Заев да превзема мерки како градоначалник

06 Јануари 2017

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ванковер Манчев, денеска на прес конференција го обвини својот колега и лидер на СДСМ, пратеникот Зоран Заев и локалната власт дека не се грижат за загадувањето, за неисчистените улици од снегот и малиот интерес за гасификацијата.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Од ден во ден граѓаните на Струмица дишат се по загаден воздух. Ситуцијата секојдневно се влошува.

Секојдневно гледаме како нашите сограѓани вдишуваат се позагаден воздух и секојдневно алармират за да се превземат некои соодветни мерки за намалување на се поголемото загадување на воздухот.

Но од страна на локалната власт и градоначалникот во заминување ни трага ни глас.

Додека градоначалникот за празниците уживаше на море, неговите сограѓани се мачеа со вдишувањето на загадениот воздух.

Вчера беше врвот на лицемерието. Зоран Заев парадерски веднаш дојде пред објективот на општинскиот фотограф каде се сликаше за да прикаже дека се чисти снегот и веднаш ја напушти Струмица, а струмичани останаа на сувиот студ да го чистат снегот по улиците, додека градот доживува снежна блокада.

Освен парадерство конкретна акција нема.

Зоран Заев и СДСМ во Струмица се на власт повеќе од 11 ипол години и немаат превземено никакви мерки и проекти за заштита на граѓаните од се поголемото загадување на нашиот град.

Сакаме да го потсетиме СДСМ и градоначалникот во заминување дека во изборната кампања пред граѓаните ветуваше мерки со кои ќе ја намали загаденоста.

Тогаш зошто во општина со која раководи СДСМ не се преземаат овие мерки? Зошто СДСМ не ја користи можноста на дело и со пример да покаже како функционираат мерките кои ги ветува?

Како да му се верува кога тој тоа не го применува во својата Струмица, камоли во другите градови?

Исто така Зоран Заев гордо се фалеше дека Струмица е снабдена со природен гас. Зошто сеуште струмичани не го користат овој природен енергенс за затоплување?

Затоа што економски не им е исплатливо. Струмичани плаќаат најскап природен гас во цела Европа.

Бараме исто така од Градоначаникот на дело да ги спроведе конкретните предлози и мерки за намалување на загадувањето.

Струмичани заслужуваат да дишат почист воздух и да имаат подобар живот - истакна Манчев.