Ванковер Манчев ги повика граѓаните да ја поддржат Коалицијата „За подобра Македонија“

09 Декември 2016

Ве повикувам да заокружите број 1 и да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од господинот Никола Груевски

На неколку часа пред изборниот молк, кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, Ванковер Манчев се обрати до граѓаните, гласачи во четвртата Изборна едница.

 

Почитувани сограѓани,

 

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во деновите предвидени за предизборна кампања ги посети сите населени места и градови.

 

Се сретнавме со голем број наши сограѓани, зборувавме за состојбите и за проектите во сите области на општествено живеење.

 

Сите знаеме дека на овие избори нашата татковина е исправена пред уште еден историски момент.

 

Ние кои никогаш не се сомневаме ви нашата должност да ја градиме и чуваме татковината, денеска во пресрет на претстојните избори ве повикуваме во недела на 11-ти декември масовно да излеземе и да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

 

Да го дадеме својот глас заокружувајќи број 1 за листата предводена од господинот Никола Груевски.

 

Почитувани,

 

Работевме вредно и реализиравме многу проекти, она што го ветуваме го остваруваме, она што го договараме со граѓаните станува реално.

 

Секој добар предлог и добронамерно мислење го запишавме за да застанеме пред вас со крената глава и чист образ и повторно да ветиме стотици нови проекти и мерки од програмата „Реално“.

 

Секој знае што е подобро за себе, за своите блиски и за општеството. Бројни изградени објекти, бројни реализирани инвестиции и реални мерки зборуваат дека ќе го направиме тоа што сега го ветуваме.

 

Кога ветуваме нови 70.000 вработувања, нови 600 милиони евра субвенции за земјоделието, нови 20 милиони евра инвестиции во инфраструктура, 140 нови детски градинки, 10.000 грантови за млади земјоделци, 40.000 нови грантови за сопствен бизнис, 580 станови за социјално ранливи категории на граѓани, финансиска помош за фирмите, покачување на платите и пензиите и стотици други проекти, зборуваме за новата и подобра реалност во нашиот живот.

 

За новиот мандат, го бараме вашиот глас и поддршка затоа што вие знаете што е подобро за стопанството и земјоделието, за образованието и здравството, за студентот и спортистот, за уметникот, децата и пензионерите, за поединецот и заедницата.

 

Почитувани браќа и сестри, драги сограѓани,

 

Поминавме повеќе од две години предизвик да истрпиме разни притисоци и уцени кон Република Македонија, за кои беше неопходно да се покаже знаење и државничко искуство.

 

Му благодариме на Бога и на народниот мудар дух што го одржува разумот и чуството за единство и меѓусебно почитување.

 

Да се одржи унитарноста на Република Македонија, да ја зачуваме нашата самостојност и да покажеме дека ние граѓаните сами ја чуваме нашата демократија и независност.

 

Во недела на 11-ти декември на денот на изборите ве повикувам да излеземе масовно и покажеме секому дека знаеме што е подобро за Македонија.

 

Ве повикувам да заокружите број 1 и да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од господинот Никола Груевски.