Кузмановска: Со Планот за живот во Македонија, ќе се стави крај на непланскиот развој на земјоделството

08 Декември 2016

Катерина Кузмановска, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ4, вели дека со Планот за живот во Македонија, ќе се стави крај на непланскиот развој на земјоделството

Катерина Кузмановска, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ4, вели дека со Планот за живот во Македонија, ќе се стави крај на непланскиот развој на земјоделството и сите капацитети ќе бидат насочени кон создавање развиено и конкурентно земјоделско производство, кое ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

Со Планот за живот во Македонија, ќе се стави крај на непланскиот развој на земјоделството и сите капацитети ќе бидат насочени кон создавање развиено и конкурентно земјоделско производство, кое ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец.

 

- Ќе спроведеме насочување на земјоделските субвенции кон вистинските земјо- делци и промена на моделот на субвенционирање.

 

- Финансиската поддршка за земјоделството ќе изнесува 160 милиони евра годишно или 640 милиони евра за четири години. Ќе овозможме еднаквост во остварувањето субвенции од земјоделскиот буџет, ќе ја елиминираме досегашната практика на нередовна, селективна и ненавремена исплата на овие средства.

 

- За секој нов хектар зафатена земјоделска површина, субвенциите ќе ги зголемиме за 20% над основната субвенција и за секое ново грло добиток со кое ќе се зголеми основното стадо, субвенциите ќе ги зголемиме за 30% над основната субвенција.

 

- На граѓаните на кои основна дејност им е земјоделството и ги исполнуваат условите за паушално оданочување, ќе ги ослободиме од плаќање на данок.

 

- За повозрасното земјоделско население ќе го изедначиме правото на пензиско осигурување на земјоделецот со работникот. Со стаж од 15 години и со старост

од 64 години, тој ќе може да биде корисник на пензија.

 

- Ќе овозможиме остварување на бенифициран работен стаж на земјоделците, за 12 месеци работа, да им се признае работен стаж од 13 месеци.

 

-„ЗЕЛЕНА НАФТА“ - Ќе ја субвенционираме нафтата за земјоделската механизација. Ова ќе го овозможиме преку намалување на акцизната давачка за нафта за земјоделска механизација за 50%. Ќе вложуваме во системите за наводнување и во обезбедување поквалитетен и поефтин семенски материјал.

 

- ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДОГОВАРАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ. Ќе посредуваме во преговорите меѓу производителите и откупувачите на земјоделските производи (пченица, ориз, градинарски култури, овошје, грозје и др.) и за нив ќе се договараат откупот и откупните цени најдоцна 30 дена пред започнување на откупот. Притоа, ќе бидеме гарант за откупувачите при откупот на земјоделските производи.

 

Почитувани земјоделци,

 

Покрај овие, идната влада на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, има уште многу други мерки кои се наменети за Вас. Вие и вашите семејства заслужувате достоинствен живот. Не дозволувајте повеќе да ве злоупотребуваат и да го девалвираат вашиот труд. Не дозволувајте да ги добивате само трошките од субвенциите како досега, а партиските шефови и земјопоседниците блиски до власта да добиваат се. Ставете крај на погубните политики во земјоделството. Земете си го тоа што ви припаѓа со закон, а не да зависете од милоста и уцените на партиските војници на ВМРО ДПМНЕ.

 

На 11 декември изберете го Планот за живот во Македонија. Заокружете го бројот 4 и обезбедете си сигурна иднина за вас и вашите деца.