Јаневски: Обезбедуваме достоинствен живот на сите граѓани

07 Декември 2016

Јаневски: Македонија е држава во која секој ден се живее се полошо. Стандардот опаѓа, сиромаштијата расте. Сега, имаме шанса за промена

Доктор Коста Јаневски, кандидат за пратеник од СДСМ во ИЕ 4, вели дека Македонија е држава во која секој ден се живее се полошо. Стандардот опаѓа, сиромаштијата расте. Сега, имаме шанса за промена. Планот за живот на СДСМ и коалицијата, обезбедува достоинствен живот на сите граѓани.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

Македонија е држава во која секој ден се живее се полошо. Стандардот опаѓа, сиромаштијата расте. Сега, имаме шанса за промена., затоа што за нас, секој е важен. Нудиме мерки со кои ќе ја подобриме социјалната заштита.

 

Секое четиричлено семејство, кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход, ќе добие 12.000 денари месечно. Семејствата со приход под 12.000 денари, ќе ја добиваат разликата од оваа програма. (На пример, ако во семејството влегува приход од 4.000 денари, државата ќе помогне со уште 8.000 денари плус).

 

Ќе го решиме проблемот на сите категории стечајни работници кои имаат најмалку 15 години стаж и старост од 52 години за жени и 55 години за мажи. Паричниот надоместок ќе изнесува 30% од просечно исплатена месечна нето плата  во претходната година (или 6.600 денари).

 

Ќе го намалиме надоместокот за извршителите и за должниците кои се социјални случаи, извршувањето ќе биде без наплата на извршителска тарифа.

 

Ќе обезбедиме евтина тарифа за електрична енергија за цел викенд и дополнителни 2 часа во текот на секој ден.

 

За секое социјално загрозено семејство, државата ќе покрие дел од трошоците за електрична и топлинска енергија, природен гас или за огревни дрва преку воведување на енергетски ваучери.

 

Ќе ги ослободиме од јавни давачки (такса, јавен превоз, општински комунални давачки, ослободување на плаќање на надомест во градинка) еднородителските семејства со плата пониска од просечната плата.

 

Ќе го зголемиме износот на средства за заштита на правата на лицата со посебни потреби за 50%.

 

Ќе донесеме нов Закон за работни односи посветен на обезбедување вистинска заштита за работниците.

 

Се обврзуваме, минималната плата во април 2017 дека ќе ја покачиме на 12 илјади денари, до крајот на мандатот минималната плата ќе изнесува 16 илјади денари.

 

Нашата цел е просечна плата во Македонија од 30 илјади денари. Со двајца вработени во секое семејство, тоа се илјада евра приход за достоинствен живот.

 

Со законски измени ќе го ограничиме времетраењето на Договорите за вра- ботување на определено време и ќе ги врземе со работното место, а не со из- вршителот. Ако се работи за ново работно место, Договорот за вработување на определено време по 6 месеци ќе мора да се трансформира во вработување на неопределено време.

 

Ќе обезбедиме работниот однос, што непрекинато трае подолго од 9 месеци (сезонски работници) и ќе продолжи во следната календарска година, да се трансформира во работен однос на неопределено време.

 

Два пати годишно пензиите ќе ги зголемуваме согласно порастот на платите и трошоците. На крајот на годината Владата ќе носи одлука за вонредно зголемување на пензиите.

 

Ќе воведеме можност за предвремено пензионирање до максимум 5 години пред остварувањето на правото на пензија, со пропорционално намалување на надоместокот за пензијa.

 

Почитувани граѓани,

 

На овие избори не гласате за партија. Не гласате за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

 

На овие избори гласате за својот живот, за животот на своите деца и внуци.

 

За вашата иднина и иднината на Македонија.

 

Со заокружување на бројот 4 на гласачкото ливче си обезбедуваме стабилна иднина.