СДСМ: Митко Чавков веднаш да ги повлече специјалните сили од турското маало

07 Декември 2016

Портпаролот на ОО на СДСМ во Струмица и кандидат за пратеник, Коста Костадинов, денеска од улицата која води кон турското маало, побара од...

Портпаролот на ОО на СДСМ во Струмица и кандидат за пратеник, Коста Костадинов, денеска од улицата која води кон турското маало, побара од директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, веднаш да ги повлече специјалните сили од турското маало во Струмица и да одговори поради која причина тие се тука.

 

Интегрален текст од прес конференцијата:

 

Ние кандидатите за пратеници од СДСМ, сме тука пред турското маало, каде што пред два дена се случи вооружен инцидент предизвикан од несоодветно и неодговорно однесување на двајца полицајци под партиска команда на шефот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Веднаш по инцидентот, тука се стационираа специјални полициски сили и се уште се тука, тоа можат да го потврдат и камерите.

 

Сакаме денеска од тука да упатиме неколку пораки:

 

Нема да дозволиме повторување на сценариото на криминалната власт на ВМРО ДПМНЕ од парламентарните избори во 2014 година. Тогаш на неколку денови пред изборите ова маало беше полно со полицајци. Луѓето беа исплашени, под силни притисоци и закани.

 

Нема да дозволиме овие наши сограѓани и пријатели да живеат во гето. Ова е слободна Струмица, град на слободни луѓе, во кој се почитува правото на слободно движење и размислување. Пред три дена и обвинетиот Груевски на митингот, рече дека е во слободна Струмица.

 

Да, Струмица е слободна и таква ќе остане. Ние, овде во Струмица имаме соживот и взаемна почит со нашите сограѓани и пријатели од турското маало, заедно делиме и арно и лошо. Затоа и сега, нема да ги оставиме сами во канџите на криминалната банда на Груевски.

 

Бараме, шефот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, веднаш да ги повлече специјалните сили од турското маало во Струмица и да одговори поради која причина тие се тука?

 

Сакаме јасно да порачаме дека стравот и притисоците кои што ги вршеше полицијата на МВРО ВМРО и влечењето за уши во изминатите изборни циклуси, повеќе нема да ги дозволиме.

 

И жителите на ова маало веќе знаат кој навистина секогаш им подава рака, а кој на секои избори им се заканува и сее страв меѓу нив.

 

Времето на закани, уцени и притисоци веќе помина. Ќе има одговорност за сите кои тоа ги прават.

 

Почитувани граѓани,

 

Подаваме рака, да се сплотиме за живот на сите граѓани во Македонија независно од каква било различност.

 

Живот во Македонија за сите значи правда и правично општество за сите. Значи држава во која власта не прави притисоци врз своите граѓани.

 

На овие избори не гласате за партија. Не гласате за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

 

На овие избори гласате за својот живот. Да излеземе на 11 декември и со заокружување на бројот 4 да си обезбедиме достоинствен живот за нас и нашите деца - изјави Костадинов.