10.03.2015. - Погледнете кои улици во Струмица ќе бидат без струја

09 Март 2015

Прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија

Вторник, 10 март, во периодот од 08:30 до 12:30 часот прекин на електричната енергија ќе има во неколку улици во градот Струмица: „Цар Самуил“, „Тиверија“, дел од „Балканска“, „Ѓорги Трајков“ и „Дрварска“, а од 12:30 до 15:30 часот улиците: дел од „Атанас Караман“, дел од „Крушевска Република“, дел од „Браќа Минкови“, дел од „Младинска“ и дел од „Киро Абрашев“.


Прекинот е поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија - информираат од ЕВН Македонија, КЕЦ Струмица.