Пишеви градат нов дом на семејството Јанкови во Смолари

31 Јануари 2015

Станува збор за семејство во кое живеат две деца со посебни потреби, во една трошна куќа, ѕидана со кал и прачки

Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Васил Пишев, во име на Здружението „Граѓаните пред се“, денеска, на празникот „Свети Атанасиј Велики“, заедно со директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Струмица, Кирил Поп-Трајков и претставници на Општина Ново Село, беа во посета на семејството Јанкови во Смолари, кај кои по сторијата на весникот „Дневник“, во месец мај минатата година, побуди интерес за помош кај многу хуманитарни луѓе.


Станува збор за семејство во кое живеат две деца со посебни потреби, во една трошна куќа, ѕидана со кал и прачки, со голем дрвен чардак со скапани греди, на стотина чекори од Смоларскиот водопад, без струја и вода, во една соба на катот, со три кревети и шпорет на дрва.


По неколку остварени средби и разговори на пратеникот Васил Пишев, со градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков и претставници од Министереството за труд и социјална политика, Пишев со сопствени средства и донации од хумани граѓани, деновиве започна со изградба на нов дом за семејството Јанкови во Смолари. Истиот треба да биде готов за околу еден месец.


Пратеникот Пишев и Здружението „Граѓаните пред се“, најавуваат и друга помош за семејството Јанкови, се со цел да се овозможат подобри услови за живот за целото семејство.