Традиционална бизнис средба во Ново Село за Василица

13 Јануари 2015

Во духот на македонската традиција се делеше лебче со паричка, а најсреќен беше Ѓорѓе Божинов, сопственик на „Градба-МиА“.

Традиционално, по повод православна Стара Нова Година, градоначалникот Блажо Велков, организира свечен коктел со бизнис секторот од општина Ново Село.


Во духот на македонската традиција се делеше лебче со паричка, а најсреќен беше Ѓорѓе Божинов, сопственик на „Градба-МиА“. Минатогодишниот кум Горан Митрев, сопственик на З.С.К Струмица, му го предаде кумството на младиот Ѓорѓе со желба за успешна и плодна година.


Градоначалникот на Општина Ново Село, Блажо Велков им посака оваа година да им биде успешна и искажа желба за поголема соработка на бизнис секторот со Општина Ново Село.