Се запалија Василичарските огнови во Мокриево

14 Јануари 2015

Освен од Струмичкиот регион, се очекува денеска маскирани луѓе и од Прилеп, Ратово, Петрич...

Василица во струмичко започна синоќа со палењето на големите Василичарски огнови во Мокриево и го означија почетокот на „Странчинарските игри 2015“ во оваа село.

Традиционално на 13-ти и 14-ти јануари во селото Мокриево, се одржува Манифестацијата „Странчинарски игри“, во организација на Здружението „Странчинар“ од Мокриево и Месната заедница од Мокриево, а под покровителство на Општина Ново Село.

Станува збор за вековна традиција во оваа подбеласичкото село. Секоја година за Василица еден од најубавите обичаи се собираат стотици граѓани, маскирани луѓе, учесници на „Странчинарските игри“.

Василица бил и денот кога се собира храна за сиромашните. Токму затоа на Василица, со храната што ќе ја соберат странчинарите ќе се приготви голема селска гозба.

Освен од Струмичкиот регион, се очекува денеска маскирани луѓе и од Прилеп, Ратово, Петрич... Како и секоја година и годинава ќе бидат доделени парични награди за најдобрите маски.