Одличен концерт на КУД „Јане Сандански“ Ново Село

27 Декември 2014

На концертот се претставија речиси сите членови, кои пред присутните презентираа повеќе кореографии од македонското фолклорно творештво

Играорците од КУД „Јане Сандански“ од Ново Село вечерва во Домот на културата го одржаа својот традиционален предновогодишен концерт.

На концертот се претставија речиси сите членови, кои пред присутните презентираа повеќе кореографии од македонското фолклорно творештво.

Момците и девојките од оваа културно уметничко друштво со своите носии, сценски настапи и кореографии потсетија на добар дел од македоската традиционална фолклорна ризница низ историјата.

Станува збор за културно уметничко друштво кое го негува македонскиот фолклор во кои членуваат играорци од општина Ново Село. Не ретко оваа друштво традиционалните македонски ора ги преставува и на фестивали во земјава и странство.