Се асфалтира улица во Смолари

26 Декември 2014

Во оваа населено место ќе се асфалтира уште една улица во должина од 190 метри

Општина Ново Село продолжи со реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2014 година.

Во оваа програма е опфатено и населеното место Смолари со асфалтирање на една улица во должина од 60 метри и ширина 2,5 метри. Во оваа населено место ќе се асфалтира уште една улица во должина од 190 метри.