Јован Терзиев победник на републички натпревар

16 Декември 2014

Јован се натпреваруваше во категоријата ученици родени до 2005-та година

Јован Терзиев од Турново, ученик во петто одделение во ООУ „Мануш Турновски“ во Ново Село, победи на Државниот натпревар за хармоника, кој се одржа на 4-ти декември во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Јован се натпреваруваше во категоријата ученици родени до 2005-та година.

Натпреварот го организираше Здружението на музички педагози од Македонија, а Јован настапи под менторство на наставникот Тони Пецанов.