Денеска во Мокрино „Етно ден на млади фармери“

26 Октомври 2014

Настанот ќе изобилува со богата програма каде што се презентира обичаите, песни, ора , носии и традиционални јадења

Федерацијата на фармерите на Македонија по четврти пат ја организира манифестацијата „Етно ден на млади фармери“, која ќе се одржи денеска во струмичкото село Мокрино, во ресторан „Панорама“ со почеток во 11:00 часот.

Целта на Манифестацијата е промоција на традицијата и заживување и унапредување на руралниот живот, преку негување на подзаборавените традиционални обичаи, како и пренесување на порака за развој на руралните средини и отворање на бизниси на овие места каде што носители на бизнисите се млади лица.

Настанот ќе изобилува со богата програма каде што се презентира обичаите, песни, ора , носии и традиционални јадења.