Децата од ПОУ „Св. Климент Охридски“ добија игротека од „Жикол“

20 Октомври 2014

Донација од „ЖИКОЛ“ за децата во ПОУ „Св. Климент Охридски“ Ново Село

Облечени во бели маици со логото на „Жикол“, видно среќни, весели и разиграни во дворот на Посебното основно училиште „Св. Климент Охридски“ во Ново Село, децата уживаа на прекрасното сонце во игротеката на отворено што им ја подготви семејството Пандеви и компанијата „Жикол“ од Струмица, кои денеска ги посетија учениците од оваа училиште, а ги има од повеќе краишта на државата.

Донацијата од „Жикол“ се состои од разновидни детски реквизите, меѓу кои и специјално наменети за деца со посебни потреби. Комплетно „Жикол“ го уреди и овој дел од дворот на училиштето, како мал детски парк, а учениците, покрај за игра во слободно време, ќе можат да ги користат и за физички активности во секојдневната настава.

Детството е најчуствителниот период во човековиот живот и на децата тогаш најмногу им треба помош и поддршка за да го пронајдат патот за остварување на своите соништа. Затоа што успeшнa иднина на едно општество е можна само со деца кои имаат среќно детство, а токму компанијата „Жикол“, како општествено одговорна компанија, на која оваа не и е прва донација, се стреми да обезбеди што повеќе среќни моменти и сеќавања на децата со посебни потреби.

ФОТОГАЛЕРИЈА